logo
logo
logo

Потроши 33 милиони долари за имот во САД, АМА ЛОНДОН И БИЛ СКАП

Vecer | 14.10.2021

Потроши 33 милиони долари за имот во САД, АМА ЛОНДОН И БИЛ СКАП

Пејачката Адел, која во моментов поседува четири имоти во САД со вкупна вредност од околу 63 милиони долари, рече дека животот во Лондон е премногу скап за неа, што ги изненади фановите.

Таа за Вог изјави дека се преселила во САД бидејќи живеењето во Лондон било прескапо за неа. Имено, јавноста веднаш реагираше на нејзината изјава бидејќи пејачката инвестираше вкупно 33 милиони долари во својот нов дом во Лос Анџелес.

„Никогаш не би можела да имам куќа како онаа што ја имам во Лос Анџелес во Лондон. Никогаш", изјави Адел во неодамнешното интервју.

Таа додаде дека поголемиот дел од времето го поминала во Лондон во автомобил или зграда и дека сака да се движи некаде каде што има „свеж воздух“.

Имено, ова не е прва голема инвестиција во недвижен имот на славната пејачка. Таа ја купи својата прва куќа во Беверли Хилс во 2016 година за 9,5 милиони долари, а три години подоцна купи и втора куќа вредна 10,65 милиони долари.

Пред неколку месеци, таа купи и куќа со четири бањи и четири спални соби за 10 милиони долари, а сите три имоти се еден до друг.

Повеќекратната добитничка на Греми наскоро беше прозвана од фановите, изненадени од изјавата дека нејзиниот живот во Лондон е скап, додека во исто време инвестираше над 30 милиони долари во својот нов дом.

„Нејзината вредност е околу 190 милиони. Може да си дозволи живот и на Марс ако сака", напиша еден.

„Таа купи три куќи во Лос Анџелес, за вкупно 30 милиони долари, но не може да си дозволи недвижен имот во Лондон?“, се само некои од коментарите на социјалните мрежи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk