logo
logo
logo

Потресна исповед на Зафир Хаџиманов: Староста е грда, останав без око, а потоа дојдоа и проблемите со срцето

Vecer | 28.03.2021

Потресна исповед на Зафир Хаџиманов: Староста е грда, останав без око, а потоа дојдоа и проблемите со срцето

Од последици на коронавирс на своја 78 годишна возраст почина легендарниот Зафир Хаџиманов. Спонтан, шармантен, духовит, со уникатен глас, ѕвездата на поранешна Југославија може да послужи како пример за помладите колеги.

Царот на шансоните, актер, поет, прозаист, шоумен, сопруг и татко – Зафир Хаџиманов беше еден од најинтересните луѓе во регионот.

Во разговор за „Курир.рс“ во 2019 година, ја изнел својата животна исповед, за богатата кариера и прекрасниот семеен живот.

Како се чувствувате кога ќе дојде есента, промената на времето?

– Ако почнам да зборувам за тоа како се чувствувам, нема да мора да поставувате други прашања. Кога влегов во осмата деценија, започнаа проблемите. Претпоставувам дека тоа се вика старост. Тоа е една од најгрдите работи што ги сретнав во мојот живот. Најпрво, поради небрежност на очните хирурзи, останав без едното око. Тогаш на ред дојде срцето, а од мајка ми, освен убавата куќа во Скопје, наследив и дијабетес.

На констатацијата дека изгледа одлично и дека добро се држи, Хаџиманов рекол:

– Дури и сега, на 76-годишна возраст, изгледам „каросериски“ пристојно, но „внатрешно“ ми пукаат шевовите. Почнав малку и да заборавам. Единствено до што се држам е пишувањето. Мојата здравствена состојба е многу несреќна, но благодарение на компјутерот, целиот свет е мој. Седнувам па играм со Фејсбук, на интернет, пишувам малку за своја душа.

Често пишувавте на два јазика, македонски и српски.

– Роден сум во Македонија, и тоа не го заборавам, па дури и да сте завршиле десет Харварди. Јас завршив само еден, глума на ФДА во Белград, и научив српски подобро од некои Срби. Не ми треба лектор. Имам десетина книги во оптек. Пред неколку години објавив книга раскази на два јазика „Песмопојац/Песнопоец“, второ издание. Издавачи се Националниот совет на Македонците што живеат во Србија. Напишав една драма на тиквешки дијалект. Отсекогаш ме интересирале дијалектите. Јас сум од оние лудаци којшто прави сѐ што прави, прави на два јазика. Спијам на два јазика, дишам на два јазика. Водам љубов на барем два јазика! Ајде да кажеме: водев љубов, ха, ха.“

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk