logo
logo
logo

Потресна исповед на Лејди Гага

Vecer | 05.02.2021

Потресна исповед на Лејди Гага

Поп-пејачката Лејди Гага дала шокантно признание за списанието „People“, наведувајќи дека близок член на нејзиното семејство за малку ќе умрел од коронавирус.

Изминатата година, сè додека трае пандемијата на коронавирусите, поп-sвездата Лејди Гага беше особено гласна во изразувањето на својата поддршка за оние во тешка ситуација поради коронавирусот.

Лејди Гага посебен акцент стави на медицинските работници, изјавувајќи дека тие се хероите на денешницата кои заслужуваат поддршка од целиот свет во овие кризни времиња.

Сепак, малкумина знаеја дека пандемијата на коронавирусите влијаела лично на семејството на Гага.

Во новото интервју за списанието „People“, Гага била прилично емотивна, изјавувајќи дека еден дел од нејзиното блиско семејство бил заразен со коронавирус и дека за малку ќе изгубела еден член.

„Не разговарав со оваа личност за тоа дали можам да излезам во јавноста, со име и презиме и да кажам кој член на моето семејство за малку ќе починеше. Но, оваа тема силно ме погоди. Еден дел од моето блиско семејство беше многу, многу болен за време на пандемијата.

http://

View this post on Instagram

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

Еден од нив беше во болница скоро два месеци. Тие се бореа за нејзиниот живот“, рекла Гага низ солзи.

„Честопати и самата одев во болница за да се осигурам дека сè е во ред. Беше многу стресно“, рекла таа.

Таа вели дека сила и давале медицинските работници.

„Никогаш не сум видел похрабар чин. Сите овие луѓе, лекари, медицински работници, сите крваво се бореа за животот на секој поединец и го заслужуваат секој можен аплауз“, додала поп-sвездата.

„Ве уверувам дека никој не можеше да ме препознае под целата заштитна опрема што ја носев. А сепак, тие се грижеа и за мене – постојано ме прашуваа дали сум добро и како е моето семејство“, изјавила Лејди Гага.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk