logo
logo
logo

Последната песна на Мерима Његомир објавена е ден пред нејзината смрт (ВИДЕО)

Vecer | 21.11.2021

Последната песна на Мерима Његомир објавена е ден пред нејзината смрт (ВИДЕО)

Новата песна “Љубoвта трае“ која Мерима Његомир ја снимила со групата “Легенде“ објавена е на 19. ноември на Јутјуб каналот “РТС Забава – Официјален канал“

- Многу не радува оваа соработка, и со големо внимание се договаравме бидејќи Мерима е докажана музичка легенда и голем познавач. Верувам дека на публиката песната “Љубовта трае“ ќе и се допадне, онолку колку и на нас, како искусни музичари – рекол по повод дуетот Даша.

- Оваа балада се одвојува од секојдневните изведувања – Мерима Његомир, инаку мецосопран, композицијата ја отпеала можеби прв пат во кариерата, гласовно пониско, во алт. Ја прифати таа моја идеа во дует со нашиот пејач, Никола Зекиќ, добивме исклучиво вокален спој – рекол за сајтот на РТС, фронтменот на групата “Легенде“.

Фронтменот на “Легенде“ открил дека песната “Љубовта трае“ е објавена е на 20. ноември на Јутјуб каналот по желба на ќерката на Мерима.

- Песмата “Љубовта трае“ е круна на нашето пријателство и објавена е по желба на ќерката на Марина. Песмата ја снимивме уште летото и чекавме да се сними спот пред да се објави, меѓутоа еден месец подоцна после снимањето Мерима за жал добила рак. Таа ме замоли сепак да снимиме спот, рече: “Ма ќе застанам јас на нозе, таман снимањето ќе ми дојде како релаксација од сето ова“.

Со нас на РТС ја отпеа “Љубовта трае“ како изненадување и поради тоа ја ставивме таа снимка на Јутјуб во договор со ќерката на Мерима – раскажал Зоран Дашиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk