logo
logo
logo

По скандалите, Бритни Спирс се врати на нормалниот живот: Еве како го поминува слободното време!

Vecer | 25.02.2021

По скандалите, Бритни Спирс се врати на нормалниот живот: Еве како го поминува слободното време!

По објавувањето на документарниот филм за нејзиниот живот, кој предизвика лавина од реакции во јавноста, пејачката Бритни Спирс своето време го поминува со синовите.

На фотографијата која е објавена на Инстаграм, пејачката е во друштво на нејзините синови, 15-годишниот Шон Престон и 14-годишниот Џејден Џејмс.

Фотографијата наводно е направена во Таузенд Оукс, во Калифорнија, каде што живее Бритни, а објавена е на Инстаграм профил посветен токму на синовите на пејачката.

Нејзините деца поголем дел од времето го поминуваат со својот татко, поранешниот сопруг на Бритни, Кевин Федерлајм.

Во 2019-та година била поништена првобитната судска одлука за синовите да бидат во еднакво поделено старателство на мајката и таткото и било одлучено Федерлајн да добие 70 отсто од старателството, па така Шон Престон и Џејден Џејмс значително помалку време поминуваат со својата мајка, пренесува „Mirror“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk