logo
logo
logo

Поранешниот сопруг на Тања Савиќ повторно изнесе куп навреди

Vecer | 06.12.2021

Поранешниот сопруг на Тања Савиќ повторно изнесе куп навреди

Имено, Душан сега јавно ја исплука Нарциса Мусиќ, која до пред неколку недели ја поддржуваше во медиумите.

- Не сум љубоморна личност. Не знам како е тоа чувство. Ако ти изгледав како љубоморна личност кога ме запозна, си се излажала. Тогаш не дозволував жена ми да се дружи со, извини, д**ди како тебе - рекол Душан и продолжил:

- А за Тања, честитки… штом можела да се бакнува и гушка со тебе... Одвратна си!  

Да потсетиме, Нарциса неодамна го демантираше Душан велејќи дека немала интимна врска со Тања.

Таа потврди дека се бакнала со фолк ѕвездата уште пред таа да се омажи, но дека немале ништо повеќе од тоа.

- Бев шокирана кога ја видов објавата во вашиот медиум. Не ми се верува дека тој човек паднал толку ниско што открива такви работи за мајката на неговите деца и уште го спомнува моето име. Оттогаш поминаа десет години... Бевме млади и луди. Никогаш не сум имала желба да имам нешто со жени, но мислам дека таа имаше, во смисла да проба, како речиси секоја втора жена. Мислам дека само сакаше да види како е – проценува таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk