logo
logo
logo

Поради „ОДМАЗДАТА“ на Анџелина, ЌЕ СЕ НАЈДАТ НА СУД

Vecer | 02.06.2023

Поради „ОДМАЗДАТА“ на Анџелина, ЌЕ СЕ НАЈДАТ НА СУД

Поранешните сопружници кои беа најпопуларен пар на светот и не се баш во најдобри односи.

Актерот Бред Пит дознал дека неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли продала половина од нивното познато француско лозје на руски олигарх, ексклузивно дознава Daily Mail.

Тие претходно се договориле дека секогаш ќе бидат посветени на тоа лозје и никој од нив нема да го продаде својот дел без дозвола на другиот, но актерката го игнорирала договорот.Пит бил многу изнервиран и зачуден кога дознал дека половина од лозје повеќе не и припаѓа и дека сега има нови деловни партнери.

За ситуацијата да биде уште полоша, купувачот е дел од вотка конгломерат предводен од олигарх, па тие планирале да ги искористат своите холивудски врски за да ја исчистат својата репутација.

„Како што ќе се докаже на суд, постапките на Анџелина биле незаконски и тие сериозно и намерно го оштетиле Пит за неправедно да се збогатат“, пишува во документот што го откри Дејли Мејл.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk