Поради Аркан, Кнез пишувал песни за Цеца, наместо Анабела, Ана Николиќ требала да биде со Гаги... се само дел тајните на познатите...

Веруваме дека најверните фанови знаат се за своите идоли, и внимателно слушале и го паметеле секој збор, но прашање е дали сите вие го знаете ова!

Дали сте знаеле кога Анабела и Гаги се развеле, таа ја напушта групата Funky G и наместо неа ни помалку ни повеќе требала да пее Ана Николиќ. Зошто не дошело до соработка останува мистерија...

Фолк легендата Весна Змијанац на убедување на пријателката Дорис Драговиќ за време на бременоста престојувала во Загреб. Далматинската дива ја советувала Весна во Загреб да побара доктор стучњак за бременост со висок ризик. Весна подоцна родила девојче, и го дала името Николија.

Продуцент на првиот албум на Наташа Беквалац бил Владо Георгиев кој тогаш бил заљубен во неа.

Жељко Ражнатовиќ Аркан и Кнез биле пријатели. Аркан од црногорскиот катнавтор 90-те ги купил неговите песните кои се изведувани од неговата жена Цеца и станале хитови ("Знам" и "Заспани убавици").

Јелена Карлеуша и Јована Типша почнале да пеат скоро во исто време, а публиката и колегите често неможеле да ги разликуваат поради физичките сличности. Сличен проблем имале Даниела Враниќ и Ана Николиќ.

Во едно ТВ интервју Гога Секулиќ открила, кога била во финансиска криза, Ана Николич ја поканила на ручек и во торбата и ставила пари "да и се најдат".

Рада Манојловиќ, пред Ѕвездите на Гранд имала снимено албум кој никогаш не го промовирала, туку на естрадата зачекорила со песната "Никогаш повеќе" која ја добила од Гранд.

Поврзани

Најнови вести

Коментари