logo
logo
logo

Популарната Зоне Замфирова СРЕЌНО НЕМАЖЕНА, а еве каде го најде СПАСОТ

Vecer | 10.04.2021

Популарната Зоне Замфирова СРЕЌНО НЕМАЖЕНА, а еве каде го најде СПАСОТ

Актерката Катарина Радивојевиќ (42) замина во Америка пред околу десет години и таму ја продолжи актерската кариера, а сега открива дека е среќно немажена.

- Досега немав слично искуство како мојот лик бидејќи никогаш не сум се омажила. Среќно сум немажена, па може да се каже дека избегнувам вакви сценарија. Шала на страна, но изневера на тоа ниво е многу болно. Луѓето често не можат да се справат со тоа. Верувам дека  може да се прости, но не и дека може да се заборави. Најважно е да се живее во мир со саканата личност. Довербата е тешко да се поврати, рече таа во интервју за списанието Стори.

Актерката откри и дека спасот го пронашла во православието.

- Верата секогаш ми дава сила кога е најтешко. Во тек е пост, јас главно готвам сама, иако тука имаме многу вегански опции, па затоа не ми е тешко да постам. Би сакала да сум со моите родители за следниот празник, вели таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk