logo
logo
logo

Понудена помош од Брена скапо чини...ни повеќе ни помалку 40. ИЛЈАДИ ...

Vecer | 30.11.2021

Понудена помош од Брена скапо чини...ни повеќе ни помалку 40. ИЛЈАДИ ...

Мина Костиќ штом се појавила на сцена привлекла големо внимание во јавноста, како со својот глас, така и со стасот.

Поради ситна градба, но бомбастични облини добила ласкав прекар “џепна Венера“, а со текот на годините нејзината популарност растела, со што станала една од најпознатите пејачки на естрадата.

Мина своевремено за домашните медиуми зборувала за своите почетоци и открила дека Лепа Брена и нудела помош во напредување на кариерата, но за тоа и барала одредена сума.

- Секогаш со задоволство ќе се сеќавам на Шабан Шаучиќ. Од него научив многу и тој секогаш уживаше на свирките кај мене. Сите доаѓа и Жељко Самарџиќ Фута и Марина, Сале Поповиќ, се сеќавам на Брена кога пеев во Швајцарија ме праша од каде сум, и кажав дена сум од Белград, бидејќи пишуваа дека сум од Орашје. Ми рече да и донесам 40.000 марки а потоа ќе ми помогне. Можеби и можев да соберам, бев најскапо платена пејачка, но незнаев да штедам. Се случи се како што требаше да се случи – раскажала своевремено пејачката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk