logo
logo
logo

Полицијата тропна на вратата на Бритни Спирс - Еве зошто...

Vecer | 26.01.2023

Полицијата тропна на вратата на Бритни Спирс - Еве зошто...

Пејачката Бритни Спирс (41) го избриша својот профил на Инстаграм. Иако ова не е прв пат да го прави тоа, со оглед на неодамнешното недолично однесување, повикале полиција.

Одделот на шерифот на округот Вентура изјави за TMZ дека пејачката ја избришала сметката во средата наутро, што го направила неколку пати во минатото. Исто така, тие рекоа дека поради некоја причина фановите се загрижиле за Бритни и мислеле дека е во опасност.

Службите отишле во домот на Бритни Спирс и откриле дека нема за што да се грижите. Не открија дали директно разговарале со пејачката или некој друг им рекол дека е во ред.

24sata

Да потсетиме, Бритни неодамна предизвика сцена во ресторанот каде вечераше со сопругот Сем Асгари. Таа во еден момент почнала да вика и да зборува глупости, а нејзиниот сопруг излетал од ресторанот. Не долго потоа, таа сподели со своите обожаватели дека го променила името во Ривер Ред.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk