logo
logo
logo

Полиција упадна во домот на Мерлин Менсон

Vecer | 30.11.2021

Полиција упадна во домот на Мерлин Менсон

Полицијата во Лос Анџелес упаднала во куќата на музичарот Мерлин Менсон во понеделникот наутро.

Портпаролот на полицијата во Лос Анџелес потврди дека е претресена резиденцијата во сопственост на пејачот. Полицајците дошле во куќата на музичарот со налог за претрес, но Менсон во тој момент не бил во куќата.

Полицајците потоа насилно влегле во куќата и наводно ги одзеле уредите за складирање податоци на Менсон. Налогот е поврзан со тековните истраги против Менсон под обвинение за сексуална злоупотреба.

Да потсетиме, во февруари годинава беше покрената истрага против Менсон поради сомнение дека сексуално и физички малтретирал неколку жени. Неодамна, магазинот Rolling Stone објави текст во кој детално се занимава со проблематичното минато на музичарите.

Тие тврдат дека Менсон освен партнерката ги малтретирал и членовите на бендот и дека ја малтретирал и мајка си.

.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk