logo
logo
logo

Полесно им е да го „ДУПНАТ“ желудникот, отколку лажицата: Детали за операцијата по која полудеа познатите

Vecer | 25.02.2021

Полесно им е да го „ДУПНАТ“ желудникот, отколку лажицата: Детали за операцијата по која полудеа познатите

Дебелината е глобален проблем со кој се борат многѕ луѓе. Вишокот килограми може да доведе до бројни здравствени компликации како што се дијабетес, болести на коскено-мускулниот систем, срцеви болести.

Кога диетата не ги дава очекуваните резултати многумина почнуваат да размислуваат за операција за намалување на желудникот. Некои лекари велат дека таа е единствен начин за лекување на дебелината и спречување други компликации на подолг рок.

Стеснувањето на желудникот „sleeve” гастректомија или вертикална гастректомија е процедура при која се намалува волуменот на желудникот за околу 75 %. на тој начин желудникот добива форма на цевка или ракав и ја губи можноста на резервоар, се намалува количеството на внес на храна, се менува хормонскиот пат кој воедно ја регулира и ситоста и на тој начин пациентот почнува да губи на тежина.

После операцијата за намалување на желудникот пациентот мора да се придржува во диетален режим на исхрана што е неопходно да се почитува за да се спречат можни компликации. Важно е да се напомене и дека после операцијата на желудникот пациентите може да внесуваат храна, но дека брзо се заситуваат, како и дека опсесивното јадење повеќе не е возможно.

Она што е охрабрувачко дека пациентот после операцијата не е гладен затоа што со намалување на желудникот се отстранува и хормонот на глад, но и самото чувство за вкусот на храната е поинакво. Дека овој начин на намалување на килограмите е се попопуларен во светот гледаме од познатите личности, кои го избираат.

Некои од светски познатите личности кои се решиле за операција се Мараја Кери, Шерон Озборн и ќерка и Кели... И американскиот политичар Крис Кристи после многу безуспешни диети се решил за овој зафат.

Освен во светски рамки, операцијата е популарна и во соседството, па така по битката со килограмите Ана Николиќ замина под нож и само во првиот месец успеа да симне 15 килограми.  Под нож заминаа и Дејан Милиќевиќ, Инди, Дарко Лазиќ, кој својот изглед тотално го смени и загуби 70 килограми.

 

Кај нас за ваква операција, барем досега, јавно зборуваше само Боки 13, кој исто така со зафатот успеа тотално да го смени изгледот.

Можни компликации

Секоја операција носи некој вид ризик, а кај оваа компликациите се мошне ретки, но кога ќе се случат го доведуваат пациентот во голема опасност.

Една од најголемите компликации е излегување течност од намалениот желудник во стомачната шуплина и затоа е важно пациентите после опрацијата да бидат во постојан контакт со хирургот кој ја извел. Уште некои од компликациите до кои може да дојде за време и по операцијата се инфекција, крвавење, длабока венска тромбоза и последнична белодробна емболија.

 

Со компликации се соочија пејачката Инди која неколку дена поминала и на интензивна нега и се борела за живот, а како резултат на компликациите останала и без слезина. Таткото на Дарко Лазиќ, пак, за жал, по операцијата го загуби животот.

Сепак, степенот на овие компликации се сведува на минимум, а најчесто чувство кое ги зафаќа пациентире по зафатоте  мачнина која обично е минлива.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk