Пола Влада плус други на свадба кај Стефан Богоев (ФОТО)

Откако во јуни се заколна на вечна љубов со неговата избраничка Ивана Анѓеловска пред најблиските роднини и пријатели во црквата Св. Пантелејмон, градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, синоќа направи свадбена веселба на која присуствуваа бројни јавни личности.

Таму беа Фросина и Јовче Ременски кои освен цвеќе, подарокот го донесоа во мало кутиче, потоа генералниот секретар на владата Драги Рашковски, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, директорката на УЈП Сања Лукаревска, Горан Мисовски и Горан Милевски, Дамјан Манчевски, Бојан Јовановски со мајка му, пратеникот Хари Локвенец, министерот за земјоделие Љупчо Николовски и други

Стефан ја запроси својата долгогодишна девојка Ивана во февруари годинава. За свечениот момент одбра симболичен датум - нејзиниот роденден. 

Фото: 1тв, Слободен печат

Поврзани

Најнови вести

Коментари