logo
logo
logo

ПОГРЕБАН ЃОРЃЕ БАЛАШЕВИЌ: Кантавторот на вечениот починок испратен со тамбураши и песната “Оливера“

Vecer | 21.02.2021

ПОГРЕБАН ЃОРЃЕ БАЛАШЕВИЌ: Кантавторот на вечениот починок испратен со тамбураши и песната “Оливера“

Семејството не сакало големо собирање.

Кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ погребан е на гробиштата во Нови Сад. Семејството се организирало без масовно собирање, а прочуениот музичар го испратиле со тамбураши.

Тамбурашите на гробот ги свиреле негови култни песни меѓу кои и “Оливера“, која ја посветил на сопругата.

Семејството сакало од саканиот Ѓорѓе да се прости во кругот на најмилите.

Денес претпладне градоначалникот на Нови Сад соопштил дека е донесена одлука денешниот ден да се прогласи за Ден на жалост во Нови Сад.

“Ги изгаснавме светлата на Гратската куќа како би им искажале болка и тага на семејството. Ова е тежок момент за семејството на Балашевиќ, но и за цел град, држава и регион. Нови Сад нема да биде ист после неговата смрт“ – навел градоначалникот.

 

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk