logo
logo
logo

Погледнете кој светски диџеј се најде во спотот на Агни Авшар (ВИДЕО)

Vecer | 11.10.2021

Погледнете кој светски диџеј се најде во спотот на Агни Авшар (ВИДЕО)

Агни Авшар е ново име на домашната сцена за кое пошироката публика допрва ќе чуе, особено сега откако во јавноста ја пушти својата прва песна насловена „Сознавам“. Како автор на музиката и аранжманот се потпишува Никола Мицевски, додека пак текстот е на Бети Јанковиќ и Рената Кралевска.

- „Сознавам“ е песна со автобиографски карактер која преку симболичен артистички израз илустрира животна приказна на млад човек кој попатно застранува, но со решителност и стремеж зачекорува во правец на духовно осознавање. Ова музичко дело, од идеја до реализација, е креативен плод на мојата духовна учителка Бети Јанковиќ. Бескрајно сум благодарна на честа да бидам вокален интерпретатор на оваа композиција и се надевам дека истата ќе ги инспирира слушателите и ќе иницира чувства на ентузијазам, оптимизам и верба во себе - вели прекрасната Агни.

Спотот е снимен на неколку локации низ Македонија, а како режисер се потпишува познатиот Дарио Јанковиќ. Покрај фасцинантните кадри во него, специфичната костимографија, во видеото се појавува и еден од најпознатите светски диџеи - DJ TALAMASCA.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=E1LUBUyPfNo[/embed]

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk