logo
logo
logo

ПОГЛЕДНЕТЕ како всушност требаше да изгледа настапот на Ураганките на Евровизија!

Vecer | 31.05.2021

ПОГЛЕДНЕТЕ како всушност требаше да изгледа настапот на Ураганките на Евровизија!

Објавена е снимка од изведбата на српските „Ураганки“, која требаше да биде прикажана во случај девојките да не можат да настапат во финале, а имаат различна кореографија, сценографија и фризури.

Жешките Србинки ја освоија побликата со својот енергичен настап, но сега дознаваме дека нивниот настап не требаше да изгледа така и дека е сменет во последен момент.

Видео со перформансите на финалистите беше објавено на официјалниот канал на Јутјуб на Евровизија, кој беше снимен за да се прикаже во случај некои од изведувачите да бидат спречени да настапат поради инфекција со коронавирус.

Снимениот настап на Ураганките изгледа значително поразлично од оној што имавме можност да го видиме во финалето. Девојките ги сменија кореографијата, фризурите и сценографијата, а како требаше да изгледа нивниот настап, можете да видите од 29-та минута на видеото.

[embed]https://youtu.be/tFwGuT3q21s[/embed]

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk