Почнува борбата за старателството: Судот одлучува за судбината на нивните деца

Поранешните сопружници Анџелина Џоли и Бред Пит се уште водат битка за старателството над своите деца.

Документите за развод ги поднесоа пред 33 месеци, но поранешните сопружници се уште водат битка за старателството над нивните шест деца.

Анџелина барала полно и исклучиво старателство, а конечно ќе се соочат на суд на 4 декември.
Иако оваа нејзина одлука за исклучиво старателство беше ригорозна, Бред Пит ниту еден момент не коментираше ништо во јавноста во врска за децата и старателството.

Судот веќе и нареди на Џоли дека мора да му дозволи на Бред да ги гледа децата почесто.

Анџелина го обвини Бред дека досега не плаќал алиментација за децата, што неговиот адвокатски тим го отфрли.

Сепак, на крајот сѐ ќе се заврши на суд.

Поврзани

Најнови вести

Коментари