Уште еден актер замина во легендите

Почина Васил Шишков

Вечерва почина Васил Шишков. Актерот е роден на 30 јануари 1970 година во Скопје и е син на бардот на македонското глумиште Ристо Шишков.

Актерот беше дел од Македонскиот народен театар, а на сцената се врати глумејќи во претставата "Вечната куќа", во која го глумеше татка си.

Деталите за ненадејната смрт на Шишков се уште не се познати, а неговите пријатели во неверица изразуваат жалење за загубата на Фејсбук.

Нина Јанева: Ти си причината заради која ми течат солзи веќе 10 минути... толку е времето за кое знам дека си на подобро место. Ти ми беше прва детска симпатија, ми беше генијален и единствен во она што го правеше. Уметнички. Достојно. Самостојно и своеглаво. Зошто? Ни требаше уште меѓу нас, ни требаше да те гледаме, да не импресионираш... Да не тераш уште повеќе да го сакаме театарот. Па се видовме пред само неколку дена. Беше насмеан Таков и ќе останеш засекогаш во моето сеќавање.
ПОЧИВАЈ ВО МИР ГОЛЕМ, ГЕНИЈАЛЕН, ДОСТОЕН ЧОВЕКУ!!!

Петар Горко: РИП Васил Шишков. Не ми се верува Васе. Почивај во мир се надевам дека сега ќе го најдеш.

Весна Петрушевска: Васил Шишков почивај во мир генерацијо, колега .....последната улога му беше Ристо Шишков во Вечната куќа .....апсурдот да биде поголем ..и беше бескрајно среќен на секоја изведба .....тажно ,многу тажно...се надевам Шиле дека конечно ќе го најдеш својот мир и ќе испиеш една чашка со стариот .....

Борче Начев: Почивај во мир драг пријателе

Ален Нанов: РИП мој брате

Поврзани

Најнови вести

Коментари