logo
logo
logo

Почина славниот рапер поради предозирање

Vecer | 09.04.2021

Почина славниот рапер поради предозирање

Славниот рапер Ерл Симонс, познат како „ДMX“ почина на 51 година откако беше хоспитализиран поради срцев удар, се наведува во соопштението од неговото семејство.

Раперот бил во тешка состојба во њујоршката болница откако на 2.април, како што пишуваат светските медиуми, се предозирал, а потоа имал и срцев удар.

Тој тогаш покажуваше „некои мозочни активности’, но беше во „вегетативна состојба“, па откако му се подобри состојбата, беше тргнат од апарати за одржување на животот и дишел самостојно.

Славниот рапер за жал починал, а неговиот адвокат Мареј Ричмен истакнал дека не знае со сигурност дали раперот се предозирал.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk