logo
logo
logo

Почина легендарниот пејач ТОЗОВАЦ

Vecer | 06.04.2021

Почина легендарниот пејач ТОЗОВАЦ

Српскиот пејач на народна музика Предраг Живковиќ Тозовац почина како резултат на коронавирусот, пренесува Танјуг.

Тозовац неодамна беше примен во клиничката болница „Драгиша Мишовиќ“ во Белград со потврден коронавирус и пневмонија

Пејачот беше во сериозна состојба и беше на терапија со кислород, а во еден момент неговото здравје започна да се подобрува. Сепак, не издржа.

Предраг тврди дека со денови психички му било лошо, бидејќи никој не му доаѓал во посета, а од креветот едвај можел да стане и да оди до тоалет.

Состојбата по примање на кинеската вакцина ми се стабилизираше, ама сега сум психички лошо. Не сум добро и верувајте дека едвај издржувам во болница. Никој не ми доаѓа во посета, бидејќи е ова ковид болница, а со мојата Мима се слушам само преку телефон и на неа и се жалам. Ужасно е чувството кога по цел ден слушате само како апаратите за кислород пиштат. Тоа ни млади луѓе не би го поднеле, негативно влиаје на психата. Размислував да ги замолам лекарите да ме пуштат дома, достоинствено да умрам, ама тоа не е можно – зборуваше пејачот пред неколку дена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk