logo
logo
logo

Починa aмериканскиот глумец Едвард Фолкнер

Vecer | 09.09.2025

Починa aмериканскиот глумец Едвард Фолкнер

Тоа се случило на 26 август, во здравствена установа во Виста, Калифорнија, САД, соопшти вчера неговата ќерка Лесли Вадсворт за „Холивуд репортер“.

Своето деби на големото платно, Фолкнер го имаше во филмот „Џи-Ај Блус“ (1960), а потоа глумеше и во „Скроти ме“ (1965), исто така - со Елвис Присли. Следеа улогите покрај Вејн во „Меклинток“ (1963), „Зелени беретки“ (1968), „Пеколни борачи“ (1968), „Непобедените“ (1969), „Рио Лобо“ (1970) и „Чизум“ (1970). 

Во едно интервју од 2019 година, Фолкнер изјави дека „никогаш не добил борба“, бидејќи секогаш бил „лошиот“ во приказната.

Како помлад од двете деца, Филден Едвард Фолкнер II, е роден на престапен ден - 29 февруари 1932 година - во Лексингтон, Кентаки, САД. Неговиот татко поседувал компанија за градежни материјали, а неговата мајка, Фери Џун, била професорка по музичко. Со својата љубов од средно училиште и сопруга, со која беа в брак речиси 60 години, Барбара глумеле заедно во училишните претстави и на колеџ, а таа починала во 2013 година.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk