Почест за Милена Дравиќ во Пула: Изложба на фотографи и монографија за големата српска актерка на Пулскиот фестивал

По повод 65. Филмски фестивал во Пула, во галеријата на Српскиот културен центар Пула, в четврток, 12 јули, ќе биде отворена изложба на фотографии со наслов „Милена“ од Маја Медиќ и Стефан Арсенијевиќ.

Еден ден подоцна, во киното „Вали“ ќе биде претставена и монографијата посветена на извонредното дело на српската и југословенска хероина, Милена Дравиќ. Автор на монографијата е Татјана Њежиќ.

Настаните, на кои ќе присуствува и Милена Дравиќ, ги организира Културниот центар на Белград во соработка со Југословенската кинотека, Здружението на драмски уметници од Србија, Српскиот културен центар Пула – СКУЦ и Клубот на Србите од Истарската жупанија, под покровителство на градот Пула и Истарската жупанија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари