logo
logo
logo

По „Тома“ следи филм за пејачот Џеј Рамадановски

Vecer | 04.12.2021

По „Тома“ следи филм за пејачот Џеј Рамадановски

Возбудливата приказна за животот на Џеј Рамадановски е претставена без претерана патетика, со впечатливи ликови.

Сценариото се базира на важни факти од неговата биографија, изјавија членовите на комисијата на Филмскиот центар на Србија

Откако филмот „Тома“ ги собори сите рекорди на гледаност во Србија, БиХ, Македонија и Хрватска, сега е објавено дека ќе се снима биографски филм за починатиот српски пејач Џеј Рамадановски, пишуваат српските медиуми.Идејата за снимање на биографски филм на пејачот беше поддржана од комисијата на Филмскиот центар на Србија.

Насловот на делото треба да биде „Недела“ според песната која го прослави Џеј, а тој почина исто така во недела.

– Беше прикажана возбудлива приказна за животот на Џеј Рамадановски без претерана патетика, со впечатливи ликови. Сценариото се држи до важни факти од неговата биографија, третирајќи ги со симпатии кон главниот лик – изјавија членовите на комисијата на Филмскиот центар на Србија.

– Филмот е потенцијален хит кога ќе се земе предвид биографијата и популарноста на пејачот – додаваат тие.

Ова не е прв пат да се разговара за тоа

Имено, ќерката на Џеј, Марија Рамадановски, во февруари годинава изјави дека добила неколку понуди за филм за Џеј.

– Барам сценарио, а не знам кој би можел да го направи тоа како што треба. Од друга страна, не знам половина од неговиот живот и не можам да кажам како е роден, живеел во дом, што се случило со неговите родители. Јас ги знам основите, она што цел Балкан знае, ништо повеќе од тоа – открила Марија.

Да потсетиме, српскиот пејач Џеј почина на 6 декември 2020 година на 57-годишна возраст од срцев удар.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk