logo
logo
logo

По смртта на кралицата, Кејт и Вилијам наследија таен имот

Vecer | 03.10.2022

По смртта на кралицата, Кејт и Вилијам наследија таен имот

Според британските медиуми, по смртта на кралицата Елизабета Втора, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, принцезата од Велс, наследиле куќа во рурален дел на Велс.

Во таа куќа сегашниот крал Чарлс во минатото официјално отворил селска сала за судење во која понекогаш и се организирала томбола во која и тој самиот учествувал.

Пространиот и имот „Llwynywermod“ од 192 хектари лоциран во Кармартеншир бил купен од кралот Чарлс III пред 15 години.

Чарлс често престојувал таму со сопругата Камила, а наводно се дружеле со локалното население и присуствувале на црковните служби во недела. 

Токму на овој „таен“ имот тие останаа по смртта на таткото на Чарлс, Филип во април 2021 година.

Куќата се состои од дневна, мала кујна и три спални соби. Има и камин и пространи прозорци, а во 2007 година чинеше 1,2 милиони фунти.

Наводно, Чарлс поминал 40 години во потрага по совршено селско одморалиште пред да се насели на имотот „Llwynywermod“, чии делови можат да резервираат семејства или парови кои бараат релаксирачки одмор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk