logo
logo
logo

По шокантното интервју на Меган и Хари СЕ ОГЛАСИ КРАЛСКАТА ПАЛАТА

Vecer | 10.03.2021

По шокантното интервју на Меган и Хари СЕ ОГЛАСИ КРАЛСКАТА ПАЛАТА

Прашањето за расата, кое го покренаа принцот Хари и Меган Маркл во интервјуто со Опра Винфри, е загрижувачко и семејството ќе го решава приватно, соопшти вчера Бакингемската палата.

Парот во интервјуто истакна дека членови на кралското семејство биле загрижени колку ќе биде темна бојата на кожата на Арчи, пред тој да се роди, па поради тоа е одлучено тој да не ја добие титулата принц.

Палатата објави дека „сеќавањата може да се разликуваат“, но дека изнесените тврдења во нивното интервју се „земаат многу сериозно“. Во соопштението е наведено и дека кралското семејство е тажно откако дознао колку последните години биле предизвикувачки за парот.

-Хари, Меган и Арчи секогаш ќе бидат многу сакани членови на семејството, се наведува во официјалното соопштението.

Притисокот на Бакингемската палата беше исклучително голем по изјавата на Меган, дека најниската точка во семејните односи била кога неименуван член на кралското семејство го прашал Хари „колку е темна“ кожата на нивниот син Хари.

Принцот Хари подоцна појасни дека таков коментар не стигнал ниту од кралицата Елизабета Втора, ниту од нејзиниот сопруг принцот Чарлс.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk