logo
logo
logo

По шест години „Металика“ објави нова песна, веднаш доби над 2,6 милиони прегледи (ВИДЕО)

Vecer | 30.11.2022

По шест години „Металика“ објави нова песна, веднаш доби над 2,6 милиони прегледи (ВИДЕО)

Видеото е објавено вчера, а за помалку од 20 часа, откако беше објавено, собра повеќе од 2,6 милиони прегледи на YouTube и се искачува на топ листите. Песната дојде ненајавено и многу фанови беа изненадени.

„Фактот што ја објавија оваа песна толку наеднаш ја прави многу подобра“, „Сѐ што ќе објави Металика овие денови е бонус“, „Имам 41 година и сè уште сум возбуден за новите песни на Металика“, „Како е можно Хетфилд уште да пее толку добро“, „Толку е добро, едвај чекам да ги видам во живо“, „Тато ме разбуди утрово за да ми каже дека Металика објавила нова работа“, се само некои од илјадниците коментари под песна.

Инаку, албумот 72 Seasons нема да излезе до 14 април следната година и ќе се состои од 12 песни. Го продуцираа Грег Фиделман, Џејмс Хетфилд и Ларс Улрих.

Металика во април ќе тргне на светска турнеја, која што ќе трае до 2024 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk