logo
logo
logo

ПО СЕДМИ ПАТ пејачката ќе оди на ОДВИКНУВАЊЕ ОД АЛКОХОЛ

Vecer | 19.10.2021

ПО СЕДМИ ПАТ пејачката ќе оди на ОДВИКНУВАЊЕ ОД АЛКОХОЛ

Кели Озборн „се пријави за рехабилитација“ откако призна дека му се вратила на алкохолот по четири години трезвеност.

Познатата ѕвезда и ќерка на Ози и Шерон Озборн, ќе се лекува на клиника во Тексас, како што пишува „Радар онлајн“.

Извор близок до семејството за споменатите медиуми изјави: "Скандалот околу излегувањето на нејзината мајка од „The talk“ имаше огромно влијание врз неа. Исто така, Ози има Паркинсонова болест и неговите нерви се оштетени. Кели беше погодена од сето тоа одеднаш“

Шерон го напушти The Talk во март откако го бранеше Пирс Морган поради коментарите за Меган Маркл, додека минатиот јануари беше откриено дека Ози се борел со Паркинсонова болест.

„Малку ми е тешко да зборувам за ова, но ви ветив дека секогаш ќе бидам искрена со вас за она што се случува на мојот пат кон закрепнување“ напиша Кели на Инстаграм.

„Клекнав на колена, не сум горда на тоа, но се враќам на вистинскиот пат и оваа недела ќе направам подкаст за да разговарам за она што се случи“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk