По обвинувањата дека ја изневерува и новата девојка Пике ја објави ПРВАТА ФОТОГРАФИЈА со Клара: „Сега е официјално“

Се чини дека веста дека ја изневерил Клара не му се допадна, напишаа следбениците откако пензионираниот фудбалер Жерар Пике објави фотографија на Инстаграм на која позира со својата нова девојка, 23-годишната студентка Клара Чиа Марти со која ја изневеруваше својата долгогодишна девојка Шакира. Фотографијата на која љубовниците гледаат во камерата се појави набргу откако започнаа приказните за Пике како ја изневерува Клара, со адвокатката Јулија Пуиг (25).
Шпанскиот новинар Жорди Мартин откри се на својот Инстаграм, а на фудбалерот му се обрати и на Твитер.
– Дали ја познаваш, Џерард? Тогаш немојте да се чудите што Шакира го сврте цел свет против тебе.
Para ti @3gerardpique pic.twitter.com/JguzYAg2WS
— Jordi Martin (@jmpaparazzo) January 15, 2023
Набргу по тие обвинувања, Пике објави слика од себе и Клара, но не напиша ништо во описот. Сепак, им овозможи на следбениците да даваат коментари.
„Очигледно е дека те принудија да го објавиш ова“, напиша еден, додека друг додаде:
– Коментарите се урнебесни! Колку е убава ќерка ти!
Пике и Клара неколку пати беа фатени заедно во јавност, секој чекор на Клара го следат фоторепортерите, а сега откако решија јавно да објават дека се заедно, странските медиуми велат дека можеби работите ќе тргнат на подобро за нив.