Џенифер Лопез и нејзиниот свршеник, безбол играчот, Алекс Родригез периодов се актуелни поради неговата наводна афера со Медисон Лекроа, ѕвезда од серијата „Јужњачки шарм“ (Southern Charm).

Како што пренесува „Ентертејнмент тунајт“, според неименувани извори блиски до парот, „Родригез ја уверил Лопез дека не направил ништо лошо“, но таа не е баш среќна затоа што привлекле толкаво внимание околу тоа.

„Џенифер не е загрижена и не ѝ е гајле за гласините за Алекс и Медисон. Таа смета дека тоа е само „бучава“ и му верува на Алекс. Таа е толку вљубена во него – вели неименуваниот извор.

Според втор, исто така, неименуван извор, на Џеј Ло ѝ пречи тоа што таа и нејзината врска се доведуваат во прашање поради гласините. Алекс претходно потврди дека тие посетувале и терапија во советувалиште за љубовни врски.

„Мислам дека тоа беше навистина корисно за нас во нашата врска – истакна Родригез.