logo
logo
logo

По интервјуто секој ден СЕ ЗГОЛЕМУВА ГНЕВОТ кон принцот Хари

Vecer | 05.04.2021

По интервјуто секој ден СЕ ЗГОЛЕМУВА ГНЕВОТ кон принцот Хари

Принцот Хари (36) и Меган Маркл (39) сигурно не очекуваа дека ќе се чувствуваат уште полошо во Америка отколку со кралското семејство и токму тоа започна да им се случува откако тие го дадоа интервјуто за Опра Винфри (67).

Имено, иако се чувствуваше одлично откако се откажа од титулата и се оддалечи од своето семејство, во Велика Британија има многу немири поради интервјуто што го дадоа, кое се чини нема да се смири толку брзо.

Недостаток на почит кон монархијата

Кралскиот експерт рече дека причината за сегашното непријателство кон Меган и Хари е тоа што парот не покажува почит кон монархијата и Велика Британија.

Авторот и експерт за кралското семејство, Ана Пастернак, 53, рече: „Многу луѓе го сметаат интервјуто за тотален недостаток на почит кон монархијата и во одредена смисла за Британците. Бидејќи монархијата е дел од британската психа. Значи, ова уништување на монархијата може да се сфати и како удар врз Британија“.

Таа исто така дознала дека принцот Чарлс, принцот Вилијам, војвотката Кејт Мидлтон и кралицата Елизабета Втора, биле крајно шокирани и тажни од наводите на поранешната кралска двојка.

„Хари е разгален дечко, тој вели дека неговото семејство не е со него, 10 плус години ги трпеа неговите ср**а, кога ќе сфати што изгуби ќе плаче“, е само еден од илјадниците коментари за оваа ситуација. Фановите се поделени на оние кои сметаат дека овој пар добро се снашол и оние кои се убедени дека кралицата ќе биде „однесена во гроб“ со ваквото однесување.

Хари и неговата сопруга Меган официјално ја напуштија монархијата кон крајот на март 2020 година, а нивниот потег беше јавно наречен „Megxit“.

Прво се преселиле во Канада, а потоа во САД, каде живеат со нивниот син Арчи (1), кој наскоро ќе добие мала сестра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk