logo
logo
logo

По интервјуто на Хари и Меган, кралицата почна да размислува за МОДЕРНИЗИРАЊЕ НА МОНАРХИЈАТА!

Vecer | 22.03.2021

По интервјуто на Хари и Меган, кралицата почна да размислува за МОДЕРНИЗИРАЊЕ НА МОНАРХИЈАТА!

Интервјуто на принцот Хари и Меган Маркл не престанува да крева прашина, а обвинувањата што тие ги упатија против британското кралско семејство може да предизвикаат некои позитивни промени во Велика Британија.

Принцот Хари првпат беше виден во јавноста по експлозивното интервју во кое тој и неговата сопруга Меган Маркл ѝ ги отворија душите на американската водителка Опра Винфри, откако ги напуштија кралските должности и се преселија во Калифорнија.

Војводата од Сасекс ги оставил сопругата и синот Арчи во нивната вила вредна 10 милиони фунти и се возел со Монтесито со скап, електричен велосипед, придружуван од безбедносен тим во возила.

Додека Хари се возеше – без кацигата која е задолжителна во Калифорнија- оддалечена 9.000 километри во Велика Британија, неговиот брат Вилијам и неговата сопруга Кејт продолжија да ги извршуваат своите кралски должности, додека извори блиски до кралицата Елизабета Втора откриваат дека таа е „тажна“ поради интервјуто на Хари.

Во интервјуто за Опра, Хари и Меган презентираа детали од животот во палатата, од тоа кој плачел пред нивната венчавка до обвинувањата за расизам што ја потресоа јавноста и го принудија Вилијам да проговори и да каже дека „ навистина кралското семејство не е расистичко“.

Пријателката на Опри, Гејл Кинг, неодамна откри и дека Вилијам разговарал со Хари, но дека тие разговори „не биле продуктивни“. Таа исто така рече дека Меган има докази за нејзините наводи.

По интервјуто, кралицата издаде кратко соопштение во кое истакна дека „сеќавањата можат да варираат“ и дека сите спорови ќе се решаваат приватно, во кругот на семејството. Сега упатените за весникот „The Sun“ изјавија дека кралицата е „тажна, не лута“ поради интервјуто и дека приватно ветила дека ќе го поддржува внукот.

– Таа не е лута, таа е само тажна. Тие секогаш се грижеа за Хари и кралицата се чувствува многу заштитнички настроена кон него. Тие секогаш се обидуваа да го поддржат кога се појави Меган. Помалку се грижеа за него кога Меган беше таму бидејќи изгледаше многу среќен – рекол изворот на „The Sun“.

Модернизација на монархијата

Сепак, по обвинувањата за расизам, кралицата Елизабета Втора реши да ја модернизира монархијата. Изворите велат дека предложените мерки се признание дека „треба да се направи повеќе“ во однос на малцинските права. Како дел од чекорите, кои ќе ги вклучат Бакингемската палата, Кларенс Хаус и палатата Кенсингтон, асистентите ќе бидат одговорни за вежбите за „слушање и учење“ во текот на следните недели и ќе разговараат со компании и поединци за тоа како монархијата може да ги подобри своите перформанси .

Плановите на весникот детално откриваат како палатата „ќе бара индивидуални ставови“ за да помогне во пристапот и да се подобри пристапот до диверзификација – вклучително и етнички малцинства, лица со попреченост и ЛГБТ заедници.

Исто така, беше наведено и можното вработување на шефот за диверзификација за спроведување на реформите.

– Ова е прашање што се сфаќа многу сериозно. Имаме политики, процедури и програми, но не го видовме напредокот што го сакаме и разбираме дека треба да се направи повеќе. Секогаш може подобро – рече кралскиот извор. – Не се плашиме да гледаме на нови начини на приближување. Подготовките за тоа се во тек веќе некое време и доаѓаат со целосна поддршка од семејството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk