logo
logo
logo

Плус сајз манекенка позира гола покажувајќи стрии во бременоста: „Девојки, не мора да бидете совршени“

Vecer | 06.12.2021

Плус сајз манекенка позира гола покажувајќи стрии во бременоста: „Девојки, не мора да бидете совршени“

Плус сајз манекенката Ешли Греам (34) не се срами од своето тело ниту во бременоста, па позираше целосно гола. Таа очекува близнаци, две момчиња, а веќе го има синот Исак Менелик, кој го роди во јануари 2020 година.

Таа е во висок стадиум од бременоста и со ова им покажа на сите жени дека не треба да бидат совршени, особено додека се бремени.

- Џастин (оп.а. сопруг) вели дека моите стрии изгледаат како дрво на животот - напишала покрај фотографијата што не е фотошопирана. Доби поддршка во коментари од манекенките Наоми Кембел, Кристи Тарлингтон, Хелена Кристенсен... Ешли собра повеќе од 1,3 милиони лајкови и многу позитивни коментари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk