logo
logo
logo

ПЛУКНАЛ НА ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА ПОКОЈНИКОТ: Синот на Марина Туцаковиќ немилосрдно на сметка на филмот за Тома Здравковиќ

Vecer | 15.10.2021

ПЛУКНАЛ НА ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА ПОКОЈНИКОТ: Синот на Марина Туцаковиќ немилосрдно на сметка на филмот за Тома Здравковиќ

Без почит...

Филмот “Тома“ неколку недели е во центарот на вниманието на јавноста, а сега на интернет се појави пиратска верзија, која направи хаос на социјалните мрежи.

Додека некои го гледале и по неколку пати, синот на Марина Туцаковиќ, Милан Лача Радуловиќ, на својот Твитер го извикал покојниот Тома Здравковиќ, како и останатите пејачки дека се удбаши.

Младиот текстописец не сака да го гледа филмот кој многумина го фалат, па одлучил јавно да ги искритикува аргументите зошто е снимен филмот за “Тома“

- Да сум толку очајна и да симнувам торнет за “Тома“, веќе ќе бев хоспитализирана. Како и било кој домашен филм да го симнувам, чувајме господе, ме заболе. Кога ќе биде на телевизија, добро дошол. Во кино не одам, корона е – гласела една објава на Твитер налог, а Лача тоа го искоментирал изнесувајќи го своето мислење.

- Не гледам филмови за лоши удбаши, просечни пејачи со мртовечки песни, ха, ха – напишал Лача.

Менаџерот Бане Обрадовиќ, заштитник на ликот и делото на Тома Здравковиќ, веднаш реагирал на оваа објава и што мисли за Лача.

- Немам право на коментар за вакво нешто напишано. Имам совет за сите луѓе на овој свет, штом ќе забележат на себе некоја промена, да се обратат на лекар – рекол Обрадовиќ за “Објектив“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk