Што правеле зајачиците, колку заработувале и колку ќе наследат по смртта на Хефнер...

Плата од 1000 долари, силикони, соба во Плејбој палатата и бесплатни фризури... Малку ли е?!

Зајачиците се заштитен знак на Плејбој уште од отворањето на првиот ноќен клуб во далечната 1960 година. Во почетокот тоа биле млади жени кои биле дел од персоналот во Плејбој клубовите, а еве што се морале да трпат

Од 1960 до 1986 година се отворени повеќе од 40 клубови, како и неколку казина во Англија и на Бахамите. За да станат зајачици девојките морале да поминат низ аудиција. Од самиот почеток до денес правилата видно се измениле. Сличен критериум важел и за девојките кои живееле со Хефнер во Плејбој палатата. Идејата девојките да се нарекуваат зајачици Хју ја добил по сеќавање на ресторанот во кој често вечерал додека бил студент.

Девојките морале да почитуваат строги правила. Доколку започнеле врска со некој од гостите или колегите биле отпуштани. Им било забрането да пијат алкохол и да џвакаат гуми за џвакање додека се на работа. "Мајката зајачица" била задолжена за контрола на девојките во клубовите и била нешто како менаџер. Девојките сите во клубовите морале да ги забавуваат на забавен и на соработлив начин.

Некои од најважните правила се однесувале на изгледот на зајачиците. Костимите морале да се носат гордо и убаво. Карминот да е со силни бои за да не изгледа бледо и измиено. Периките биле пожелни, чорапите после носење се чувале во фрижидер; ноктите морале да бидат излакирани, а накитот бил строго забранет и девојките морале да носат само манжетни кои одат со костумот. Работата барала девојките да одат на високи потпетици со часови. Имале различни начини како да се борат со болката, па дури и си ги масирале стапалата тркалајќи шише кока кола.

Доколку работеле дополнителени смени, приватни забави или му помагале на менаџментот можеле да заработат повеќе. Во исто време можеле да бидат казнети ако орманчето им било неуредно, ако доцнат или репчето не им е "пуфкасто". Една од девојките открила дека морале да бидат на работа еден час порано за да се нашминкаат и средат, и тој час не им бил платен.

Новинарката Глорија Стејнем решила да се вработи како зајачица и да биде на тајна задача, а открила дека девојките се соочуваат со некои проблематични услови за работа и дека не е се онака како што раскажува Хефнер.

Денес терминот "зајачица" се користи најмногу за да се опише некоја од Хефнеровите девојки. Тие неделно добивале плата од 1000 долари, операција за зголемување на градите, соба во Плејбој палатата и бесплатно средување на косата. Инаку, ниту една од неговите девојки нема да наследи ништо по неговата смрт! Богатството ќе го поделат неговите четири деца, од двата брака, а последната сопруга Кристал Херис, иако се шпекулираше дека имаат предбрачен договор, сепак нема да остане со празни раце, за неа Хефнер оставил 5 милиони долари во кеш и вила во Холивуд. Остатокот од неговото богатство од 43 милиони долари оди за неговите деца, еден дел за Универзитетот Јужна Каролина и за хуманитарни здруженија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари