Пивофест повторно со најјака забава во Македонија. Еве кој чека на вас

Прилеп ги почна подготовките за една од најголемите летни манифестации „Пивофест“ која годинава по 16 пат ќе се одржи од 12 до 15 јули

Организаторот, скопската компанија „Ентфинити" и покровителот, прилепската локална самоуправа уверуваат дека и годинава посетителите ќе уживаат четирите фестивалски дена, а се очекуваат гости од цела Македонија и од Балканот.

– На првиот фестивалски ден, на отворањето, в четврток на 12 јули, ќе настапат Дани, Тони Зен и Цајковски. В петок на програмата се: Дарио, Ван Гог, Црвена јабука и ДЏ Мосел од Грција. на третиот фестивалски ден, в сабота, ќе настапат: Фортисимо бенд, некстајм, Џенан Лончаревиќ и познатата балканска ѕвезда Жељко Јоксимовиќ. Последната фестивалска вечер, в недела, гостите ќе ги забавуваат: Александра Јанева, Либеро бенд, Милица Тодоровиќ и фолк-ѕвездата Шабан Шаулиќ. Наш приоритет е сите четири фестивалски дена на поминат во весела атмосфера и да биде безбедно за сите гости кои ќе допатуваат на Фестивалот, и секако, повикуваме на еколошка свест на учесниците, вели Манасиески.

На 29 локации во центарот на Прилеп, на површина од преку 4 000 метри квадратни ќе бидат поставени штандовите, а досега се ангажирани повеќе од половината локации.

Поврзани

Најнови вести

Коментари