logo
logo
logo

Петар Грашо во друштво на убава Словенка: Луѓето не разбираат што значи деловна соработка

Vecer | 13.05.2021

Петар Грашо во друштво на убава Словенка: Луѓето не разбираат што значи деловна соработка

Словенските медиуми деновиве пишуваат за наводното пријателство помеѓу Петар Грашо и русокосата Словенка Соња Ерчуљ.

Соња работи како директор за маркетинг во една од водечките словенечки винарии на семејството Пуклавец, а словенските медиуми деновиве пишуваат дека Грашо и убавата Соња наводно биле видени заедно во Добрепоље во Словенија.

Приказната отиде дотаму што се огласи и самата Соња велејќи дека таа и Грашо имаат деловна соработка, но дека тие не се приватно поврзани.

„Вистина е дека соработуваме на деловно поле, но не сме поврзани приватно… Ова е мало место и тука многу се зборува. Тоа е затоа што луѓето не разбираат што значи деловна соработка“, изјави таа за „Журнал24“.

Имено, винарската визба „Puklavec Family Wines“, каде што работи Соња, произведува пенливо вино што го носи името на пејачот – Грашо. Пејачот честопати патува е во посета на Словенија, а Словенците пишуваат дека тој е голем љубител на нивните вина.

Минатата недела одекна веста за разделбата на Петар Грашо и Даниела Мартиновиќ. 45-годишниот пејач и четири години постарата пејачка беа еден од омилените парови во регионот, а беа заедно цели 24 години.

Досега, ниту Петар Грашо ниту Даниела Мартиновиќ не ја коментираа нивната разделба.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk