Музичка порака

Пепа порача: Стоп за насилството над жените!

„ Стоп за насилството врз жените" – оваа моќна порака, полна со подршка за жените, овој пат преку својата најнова песна и спот ја испрати Пепа Димитрова. „Лага" е нејзиниот најнов сингл, чиј комплетен автор е Владимир Дојчиновски, а спотот е дело на Александар Ристовски – Принц и е снимен во Скопје.
Ова комплетно дело, целосно ја отсликува и нејзината енергија и темперамент, но и ја испраќа најмоќната порака на светот дека секоја жена треба да биде храбра и одлучна, жена која самоуверено чекори кон остварувањето на своите цели и да верува љубовта.

- За оваа песна да ја посветам на дамите, ме инспирираа секојдневните приказни кои ги слушам, како лично од мои познанички, пријателки, така и од медиумите. Кога сите преку својата работа ќе се потрудиме да ја менуваме колетивната свест и да даваме целосна поддршка таму каде што е навистина потребна, тогаш работите ќе почнат да се движат од мртва точка. Ги охрабрувам сите жени да бидат со кренати глави, да уживаат во оваа песна, која посебно треба да ги мотивира и инспирира да одат понатака во животот и да не се плашат од промени, вели Пепа.

Поврзани

Најнови вести

Коментари