Пензионер викал Брза помош 149 пати, иако бил сосема здрав, сега му стигнала казна од која сигурно ќе му треба брза помош...

Направил 50.000 фунти непотребен трошок, бидејќи 149 пати однесен е во некоја болница , и ниту во една не му била потребна помош од лекари.

Британски пензионер Џон Хави (73) од Свенсон за време од пет години 314 пати повикувал Брза помош иако немал здравствени проблеми, кои би барале брза интервенција на лекари, а особено итна.

Со тоа, пишува британскиот "Дејли мејл", направил 50.000 фунти непотребен трошок, бидејќи 149 пати однесен е во некоја болница , и ниту во една не му била потребна помош од лекари.
Осуден на 20 месеци затвор, откако судот констатирал дека и непознат човек убедувал во негово име да повика брза помош.

Обвинителката Хелен Рандел навела пред судот дека Харви, на лицето имал исушена крв, им пришол на двајца непознати и ги замолил да повикаат брза помош, што двајцата и го сториле тоа.
Рендал додала дека по повик на брза помош, Џејмс Дејвис кој одговорил на повикот, го нашол Харви како седи дома на тараса и пие виски. Болничарот направил неколку анализи и констатирал дека Хари е совршено здрав.

Обвинителката навела дека службата за брза помош поминала вкупно 320 часа носејќи го Хари во болница од каде што си заминувал пред да го прегледаат

Судијата на Харви му се обратил со зборовите дека не му е јасно зошто така се однесува, предупредувајќи го со тоа дека ги загрозува другите. Единствен заклучок кој судијата извлекол од Харви е дека се работи "Од чиста злоба и тоа кога че се напие", наведувајќи ги бројките кои тоа го потркепуваат.

- Бројките се запрепастувачки. Упропастивте 50.000 фунти наменети на луѓе на која им е потребна помош. Сите сме свесни за тоа дека повиците за здравствени услуги се големи, а со вашето однесување го ризикувате животот на други луѓе – рекол судијата.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари