logo
logo
logo

Пејачот во Задруга глуми „ФРАЕР НА БАТЕРИИ“, па жена му ја извади бурмата!

Vecer | 11.02.2021

Пејачот во Задруга глуми „ФРАЕР НА БАТЕРИИ“, па жена му ја извади бурмата!

Раперот Ненад Алексиќ - Ша, кој е дел од реалното шоу Задруга, по се изгледа останал без сопруга, и без да знае за тоа. Имено, неговата сопруга Ивана деновиве во јавноста се појавила без венчалниот прстен што инаку никогаш не го вадела од раката.

Причината за ваквиот потег на Ивана е блискиот однос на раперот со цимерката Тара, со која буквално и спие во ист кревет.

Иако Ша тврди дека се само пријатели со Тара, сите, па и неговата жена, забележуваат дека се преблиски и тој дури и има љубоморни испади кога е оваа девојка во прашање. Тара, пак, која важи за девојка со проблематично минато, во една прилика дури и гласно кажала дека е вљубена во него.

Потегот на Ивана од една страна збунил многумина, а нивните пријатели, според пишувањата на медиумите во соседството, очекувале дека такво нешто е можно, се разбира, судејќи по однесувањето на раперот, кој не е ни свесен што го чека надвор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk