logo
logo
logo

ПЕЈАЧОТ АР КЕЛИ ПРОГЛАСЕН ЗА ВИНОВЕН, СЕ СООЧУВА СО ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР

Vecer | 28.09.2021

ПЕЈАЧОТ АР КЕЛИ ПРОГЛАСЕН ЗА ВИНОВЕН, СЕ СООЧУВА СО ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР

Американскиот пејач Ар Кели е прогласен за виновен за сексуално злоставување жени и деца и за сексуална трговија во изминатите две децении.

Единаесет обвинувачи, од кои девет жени и двајца мажи, сведочеа против 54-годишниот Ар Кели на шестнеделното судење, опишувајќи ги сексуалните понижувања и насилството што ги доживеале од него. Поротата ја прогласи некогашната аренби ѕвезда за виновна за сите обвиненија со кои се соочи. Казната ќе биде изречена на 4 мај и големи се шансите да го помине остатокот од животот зад решетки.

Обвинителите го обвинија Кели дека ги искористувал своите слава и богатство за да намамува жртви, најчесто ветувајќи им музичка кариера. Неколку од жртвите сведочеа дека биле малолетни кога имале секс со него. Тој често ги наоѓал жртвите на своите концерти.

Една жена сведочеше дека Кели ја затворил, дрогирал и силувал.

„Подготвена сум да продолжам со животот ослободена од стравот и да започнам со процесот на зацелување“, кажа таа,

Пресудата следува 13 години откако Кели беше ослободен од обвиненијата за детска порнографија.

На судењето се слушна и како тој незаконски ѝ обезбедил работна дозвола на пејачката Алаја, пред да ја ожени кога имала 15 години. Таа загина во авионска несреќа во 2001.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk