Пејачката Маја Шупут (41) со семејството одморала во Турција во монденско летувалиште, а за тоа време нејзиното име повторно се нашло на огласната табла во Општинскиот суд во Загреб и тоа заради неплатени комуналии.
Ова е втор пат во последните шест месеци да и се случи истото. Првиот пат останала должна за комуналии за зградата во која живее и тоа во висина од 70 евра.
Овој пат Маја останала должна малку повеќе пари - дури 120 евра.
Засега пејачката не се огласила, но она што може да се види од нејзините фотки не е дека нема пари затоа што ужива да се фали со луксуз, и да само бадемантилот во розова нијанса во кој често се фотка чини 400 евра и е од брендот Версаче. А истото важи и за влечките од овој бренд кои чинат 100 евра.
View this post on Instagram