logo
logo
logo

Пејачката открила дека се плаши од животот на слобода: Долго чекав да се ослободам од татко ми, но сега ми е страв да не погрешам

Vecer | 16.10.2021

Пејачката открила дека се плаши од животот на слобода: Долго чекав да се ослободам од татко ми, но сега ми е страв да не погрешам

Како што се приближува движењето #FreeBritney кон реалност, Бритни Спирс на Инстаграм ги открила своите стравови во врска со животот откако 13 години ги поминала под контрола на другите кои имале позиција на нејзините законски старатели, особено нејзиниот татко.

Пејачката им се обратила на фановите на Инстаграм и рекла дека е благодарна што конечно е во позицијата која се наоѓа, но има некои грижи. Имено, стравува од "папрацо лудницата" како што било и претходно и дека секоја нејзина грешка ќе заврши на насловните страни.

"Ќе бидам искрена и ќе кажам дека толку долго чекав да се ослободам од ситуацијата во која се наоѓам, а сега кога е реалност, страв ми е да направам било што, бидејќи се плашам дека ќе погрешам. Работев напорно, а сега кога сѐ се ближи кон крајот, јас сум многу среќна, но има многу работи кои ме плашат", рекла Бритни.

Во септември, таткото на пејачката, Џејми Спирс бил суспендиран од позицијата старател врз нејзините имоти. Закажано е уште едно рочиште на 12 ноември со кое ќе се утврди дали тоа навистина ќе се случи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk