ВИРТУОЗОТ ОГНЕНОВСКИ ДЕНЕС СЛАВИ ЈУБИЛЕЈ

Педесет години од настапот на Тале и ”Танец” во Карнеги Хол

Во чест на јубилејот 250 годишнината од раѓањето на музичкиот гениј Волфганг Амадеус Моцарт (27 јануари 1756 - 27 јануари 2006) издадено е цеде албум на музичкиот гениј Тале Огненовски насловен "MOZART and OGNENOVSKI Clarinet Concertos".
На овој ден 27 јануари, е уште еден голем јубилеј за него, и за македонската култура, 50- години од настапот на Тале Огненовски во Карнеги Хол во Њујорк, заедно со македонскиот ансамбл "Танец" каде, според реакцијата на публиката и пишувањето на американскиот печат, постигнале сензационален успех. Огненовски го сметаат за музички гениј, најголемиот инструменталист на кларинет, кавалче, гајдарка и зурла на сите времиња во светот и еден од најголемите композитори во светската музичка историја. Новиот албум е снимен, миксан и направено мастеринг од Димитар Димовски во неговото "Промузика Тра-ла-ла Студио" во Скопје, а е издаден под етикета на американската дискографска куќа "Independent Records" .
Продуценти на цеде албумот: Тале Огненовски и Стеван Огненовски, Фотографии Климент, Маргарита и Стеван Огненовски. Графички дизајн Никола и Стеван Огненовски.
Министерството за култура на Македонија издавањето на овој цеде албум го вклучи во Програмата од национален интерес во културата во 2005 година од областа на музичката дејност и учествуваше во неговото финансирање. Цеде албумот се продава по 450 денари. Дистрибутор за Република Македонија е компанијата Милениум Рекордс. На Интернет страницата www.taleognenovski.com.mk може да се слушне по 30 секунди МП3 снимки од сите четири концерти. Исто како и првиот цеде албум на Огненовски, "Jazz, Macedonian Folk Dances and Classical Music", така и вториов се дистрибуира преку угледната компанија "The Orchard" од Њујорк, до најголемите дистрибутери на музика во светот меѓу кои најголемата компанија за продажба на цеде албуми преку Интернет во светот www.amazon.com и најголемата компанија во светот за дигитална продажба на цеде албуми www.itunes.com. На Интернет страницата на компанијата http://theorchard.com/dist/releaseInfo.php?upc=669910541661 е следната информација: "Овој цеде албум е сензационален. Тале Огненовски ги аранжираше за два кларинети деловите од Моцартовиот концерт за кларинет. Кларинетот во стандардната изведба секогаш е придружуван од оркестар. Во оваа снимка кларинетот е придружуван од неговиот син Стеван Огненовски на тапан и со втор кларинет (изведуван од Тале Огненовски). Тале Огненовски даде сјаен придонес на најубавиот концерт на Моцарт. Изобилниот прекрасен звук на модерниот А кларинет е богат, и свирењето на Огненовски е прекрасно, со добро темпо и интонација во целиот концерт. Неговиот звук е изобилно изразен. Неговиот стил на свирење е лиричен, неговиот тон е чист и прекрасен. Изведбата на Тале Огненовски е најубавата и најбрзата изведба на Моцартовиот концерт за кларинет на сите времиња во светот. Моцартовиот концерт за кларинет е сигурно еден од најубавите концерти од класичната ера. Музичкиот гениј Вофганг Амадеус Моцарт се родил на 27 јануари 1756 година. Двеста години подоцна на 27 јануари 1956 год. еден друг музички гениј, Тале Огненовски настапи свирејќи народни ора како виртуозен солист на кларинет и кавалче во светски познатиот Карнеги Хол. Тале Огненовски заедно со другите членови од ансамблот "Танец" се појавија во Карнеги Хол, прикажувајќи исклучително прекрасни уметнички вештини. Таа ноќ беше радост и воодушевување. . .” (Ва.Ѓ.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари