logo
logo
logo

„Парни ваљак“ официјално го претстави пејачот, кој ќе го замени Аки Рахимовски

Vecer | 22.03.2023

„Парни ваљак“ официјално го претстави пејачот, кој ќе го замени Аки Рахимовски

"Моја глава, мои правила, подвиг. Игор Дрвенкар, четврток, 23.03. во 12:00 часот. Премиера на нашата нова песна на радио станиците низ регионот и видео на нашиот канал на YouTube", објавија тие на нивната официјална веб-страница, со што потврдија дека отсега ќе настапуваат со пејачот Игор Дрвенкар, 31-годишникот кој на хрватската јавност веќе ѝ е познат преку шоуто А Страна.

Игор пеел во различни бендови, а се испробал и во неколку мјузикли, меѓу кои Исус Христос Суперстар и Убавицата и ѕверот. Тој ги забавуваше загрепчани на пречекот на 2022 година. Претходно имало гласини дека Игор ќе биде новиот фронтмен на бендот, но бендот дури денеска ги потврди гласините.

Аки Рахимовски почина лани во јануари на 66-годишна возраст.

Првата постава на „Парни ваљак“ ја сочинуваа: Аки Рахимовски (вокал, пијано), Хусеин Хасанефендиќ Хус (соло гитара, акустична гитара, вокал), Среќко Антониоли (тапани), Златко Микшиќ - Фума (бас гитара) и Јурица Паѓен (соло гитара , акустична гитара). Во својата 30-годишна кариера, Парни ваљак објави 16 студиски албуми, 14 синглови, 5 албуми во живо, 4 компилации и 2 концертни ДВД.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk