Оригиналниoт рачно напишан текст на песната „Starman“ на Дејвид Боуви од 1972 година во вторникот е продадени на аукција во Велика Британија  за 203.500 фунти, објави Omega Auctions.

Dejvid Bouvi
Песната првпат е објавена на петтиот албум на Боуви, „The Rise and Fall of Ziggy Stardust and the Spiders from Mars“. Почетната цена на текстот напишан со сино мастило на хартија А4 беше околу 40.000 фунти. Во трудот се прикажани промените и дополнувањата направени од Боуви, како и правописните грешки кои пејачкот ги поправил.

 

Во 2013 година документот беше изложен во музејот „Викторија и Алберт“ на ретроспективна изложба посветена на пејачот, кој почина во јануари 2016 година на 69-годишна возраст.

Аукциската куќа Omega Auctions објави дека текстот го продава анонимен приватен колекционер кој го набавил уште во осумдесеттите години на минатиот век.

 

Dejvid Bouvi

Документот беше понуден на аукцијата како дел од продажбата на голем број предмети наречени „Дејвид Боуви и глам рок“, а фановите меѓу другото можеа да купат постери и винили, односно грамофонски плочи.