Групата „Фрајле“, која неодамна функционираше како трио, издаде сингл насловен како „Панонски морнар“, посветен на неодамна починатиот Ѓорѓе Балашевиќ,  нивен сограѓанин од  Нови Сад и, како што велат, пример во музиката и ментор.

– Ние пораснавме со неговата музика. Нашите први спомени од детството, семејни дружења, првите љубови, свирење на гитара, се поврзани со неговите песни. Тој беше нашиот дом, а оваа песна ја напишаа оние девојки кои се смееја и танцуваа на неговите ритми. Имавме одличен учител и сакаме со песна да му кажеме благодарам за сè, велат „Фрајле“.

Песната ја компонираше Невена Буќа, а текстот го напиша заедно со нејзината сестра Јелена и младата поетеса Јелена Кнежевиќ.

– Живеевме во стан веднаш до железничката станица во село Кљајичево. Возовите не будеа и нè заспиваа, но и еден заразен ритам на касета. Ритамот на Ѓорѓе Балашевиќ. Пееше Милица Буча (најмладата сестра) , Боривој Буча (таткото) свиреше, а ние ја апсорбиравме секоја нота, секој стих, се присетува Нена.

Заедно со музиката препознатлива за „Фрајле“, но и за звукот на Балашевиќ, особено во последните десет години, девојките од Нови Сад, спомнаа бројни наслови, но и ликови од песните на Балашевиќ.