logo
logo
logo

Видео

Панче звучи „НАИВНО“, еве како и колку!

Vecer | 10.05.2021

Панче звучи „НАИВНО“, еве како и колку!

Македонската музичка сцена и тоа како има потреба од нов звук, од нешто модерно и светско. А, токму еден таков звук овојпат ни подарува младиот штипјанец Панче Касапски преку неговата песна со наслов „Наивно“.

Станува збор за асид-џез тема, односно комбинација од диско, фанк, џез и сол, нешто што навистина е реткост да се слушне на овие простори. Како автор на музиката и аранжманот се потпишува токму Панче, додека текстот е дело на Робин Зимбаков.

Песната е снимена во студиото на Роберт Билбилов. Инаку Панче за новата песна сними и доста интересен видеоспот и тоа на неколку локации во Белград. Видеото е снимено од Дарко Митев во соработка со Сергеј Смилков. Покрај Касапски, во спотот се појавува и еден од нашите најдобри модели со интернационална кариера, Вера Хаган.

Погледнете:

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=TXhowz2MxTY[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk