logo
logo
logo

Памела Андерсон се разведува по петти пат

Vecer | 21.01.2022

Памела Андерсон се разведува по петти пат

Памела Андерсон по една година се разведува од сопругот Ден Хејхерст.

Ѕвездата на „Baywatch“ поднесе барање за развод во родната Канада, каде што се пресели со нејзиниот сопруг минатата година.

Памела и Ден се венчаа на крајот од 2020 година, откако беа заедно во карантин поради пандемија. Извори блиски до Памела велат дека „таа сака и живее автентично“ и дека пандемиската романса е завршена. Актерката наводно се иселила од нивниот заеднички дом.

Памела Андерсон прво беше во брак со Томи Ли, со кој ги има синовите Брендон и Дилан. Потоа во 2006 година се омажи за Кид Рок и се разведе од него.

Двапати потоа, таа се омажи за музичкиот продуцент Рик Соломон, прво во 2007 година, што заврши со поништување, а потоа повторно во 2013 година.

Во јануари 2020 година, Андерсон се омажи за Џон Питерс, со кој беше во брак 12 дена. Питерс тврди дека го оставила откако тој и ги исплатил долговите, што таа го негираше. Потоа се вратил кај поранешната вереница која ја оставил поради Памела.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk