logo
logo
logo

Памела Андерсон е бесна за серијата која се снима за нејзиниот турбулентен брак: Еве што изјавила

Vecer | 15.05.2021

Памела Андерсон е бесна за серијата која се снима за нејзиниот турбулентен брак: Еве што изјавила

Откако во јавноста се појави информација дека се снима серија наречена „Pam & Tommy“, која зборува за бракот помеѓу Памела Андерсон и Томи Ли, актерката веднаш се огласила и го дала своето мислење за серијалот.

Имено, според пишувањата на странските медиуми, Андерсон наводно не е воодушевена од новата серија која го опишува бракот на актерката и музичарот во период кога нивната интимна снимка доспеа до јавноста. На Памела наводно не ѝ се допаѓаат улогите и ѝ се чини како сè да е една голема шега.

„Никогаш не слушнала за главните актери кои ја глумат неа или Томи. Не ѝ е ни гајле. Таа и нејзиното семејство сметаат дека серијата е евтина обработка. Памела нема намера да ја гледа оваа смешна серија, апсолутно не, никогаш“, раскажал извор близок до Андерсон за „The Sun“.

Инаку во споменатата серија, Памела ја глуми Лили Џејмс, а Томи – Себастијан Стен, кои според мислењето на обожавателите многу потсетуваат на поранешниот пар.

Не е познато кога ќе започне да се емитува серијата, а освен Лили Џејмс и Себастијан Стен, останатите улоги ги играат Сет Роген, Ник Оферман, Тејлор Шилинг, Ендрју Дајс Клеј и многу други.

За потсетување, Памела и Томи се венчаа во 1995 година, а се разведоа во 1998 година. Од овој брак имаат 2 сина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk